Џеси Џеј се повлекува од јавниот живот: Не помина ниту еден ден без болка во вратот и грлото шест месеци

фото: Инстаграм

Американската пејачка Џеси Џеј објави дека на извесно време се повлекува од социјалните мрежи поради здравствената состојба, а своето збогување го сподели со 10 милиони обожаватели кои ја следат на Инстаграм.
„ Ќе исчезнам некое време од социјалните мрежи и ќе се фокусирам 100 проценти на себе и на решавање на она што се случува со моето тело“ – напиша таа во објавата.

Имено, Џеси веќе шест месеци се бори со Мајнерова болест, односно болест на внатрешното уво, која се карактеризира со напади на вртоглавица, гадење и повраќање, како и шум во увото и појава на глувост.

Џеси проговори за нејзината состојба во средината на август, кога опиша дека и било особено тешко, бидејќи болеста влијаела врз нејзиниот глас.

„Вчера се обидов да отпеам песна што вообичаено ја пеам со леснотија и не можев. Проблемот не е мојот глас, туку болеста која влијае на мојот глас. Плачев. Со часови. Си дозволив да го почувствувам делот што е скршен во мене, кој често го игнорирам, иако не би требало. Не помина ниту еден ден без болка во вратот и грлото шест месеци. Некогаш е подобро, некогаш е полошо“ – напиша тогаш, меѓу другото, и додаде дека се обидува да биде позитивна.

Во последниот пост, сепак, таа ги извести фановите дека ќе се повлече од социјалните мрежи, додека не и стане подобро.

„Ова го пишувам од љубов и почит кон обожаваелите кои ме следат и поддржуваат овде. Се гледаме“… – ја заврши таа објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by J E S S I E J (@jessiej)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот