Џереми Ајронс си купил остров: Сè повеќе се занимавам со земјоделство, а сè помалку со глума

Џереми Ајронс
Џереми Ајронс / Фото: EPA-EFE

Прославениот британски актер Џереми Ајронс гостуваше во телевизиското шоу „Late Night with Seth Meyers“ и зборуваше за неговата кариера, приватниот живот и плановите за пензионирање.

Џереми неодамна го видовме во „House of Gucci“ каде маестрално ја одигра улогата на Родолфо Гучи.

„Купив остров недалеку од семејниот дом до кој се стигнува со пливање. Ќе одгледувам пони коњчиња и стока. Во последно време сè повеќе се занимавам со земјоделство, а сè помалку со глума“, откри 73-годишниот актер.

Ајронс во 1991 година доби Оскар за улогата на Клаус фон Булов во филмот „Reversal of Fortune“. Се чини дека постигнал се што сакал во кариерата, а заклучил дека му е потребен одмор од забавната индустрија.

Островот, кој Ајронс го купил, по воздушна линија е оддалечен околу 200 метри од ирскиот замок Килко кој потекнува од 15 век, кој го купил во 1998 година со неговата сопруга, британската актерка Шинејд Кјузак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот