Џенифер Лопез: Мајка ми знаеше да ме скрши од ќотек

Џенифер Лопез и мајка ѝ Лупе, Фото: EPA/Miguel Rajmil

Џенифер Лопез, во документарецот на „Netflix“ – „Halftime“ зборува за комплицираниот однос со нејзината мајка Гвадалупе „Лупе“ Родригез, тврдејќи дека ја „тепала“ кога била мала.

„Таа го направи она што требаше за да преживее, и тоа ја направило силна, но исто така ја направило строга. Знаеше да те скрши од ќотек“.

Во филмот се појавува и 76-годишната Лупе, која признава дека била строга со Џенифер и нејзините две сестри Лесли и Линда. Мајката емигрирала од Порторико и ги одгледала своите три ќерки во Бронкс заедно со сопругот Дејвид, од кого се развела откако девојчињата пораснале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ❤️Cage4Lopez❤️ (@cage4lopez)

„Од нив секогаш имав најголеми очекувања. Не требаше да биде критично. Тоа беше само за да ви покажам дека можете подобро“, вели Родригез во филмот. „Џенифер, таа ми даваше многу отпор, да ви кажам право. Ние многу се судиравме со темпераментот“.

Џеј Ло го напуштила домот на 18-годишна возраст откако постојано се судрила со мајка ѝ за нејзината иднина. Таа призна дека не била фокусирана на училиштете, велејќи дека танцувањето ѝ го одвлекувало вниманието, нешто што предизвикало тензија меѓу мајката и ќерката.

„Мајка ми рече: „Ако живееш во оваа куќа, ќе го добиеш своето образование“, се сеќава Лопез. „Една ноќ влеговме во лоша кавга и јас само заминав“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo_fan_pr_queen)

Родригез изјавила дека отсекогаш сакала нејзините три ќерки да имаат образование за да не се потпираат на мажи.

„Бев далеку од совршена мајка“, се гледа како признава таа во документарецот. „Едно нешто што секогаш можам да го кажам, сè што направив, го направив мислејќи во нивен најдобар интерес во срцето“.

Лопез ја опишува нејзината мајка како „комплицирана“ личност во новиот документарец, но двете сега уживаат во многу помирна врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот