Џенифер Анистон искрено прозборе за проблемот со кој се бори со години
Холивудската актерка Џенифер Анистон откри дека со децении страда од проблеми со спиењето, а фактот дека не може да спие често ѝ создава огромен стрес…
„Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Проблемот со несоницата се појави во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостатокот на сон и се чувствуваме непобедливи“, изјави Анистон за магазинот „People“.
View this post on Instagram
„Едноставно го прифатив проблемот со несоницата, а потоа одеднаш почнувате да ги сфаќате ефектите од недостатокот на сон и како тоа влијае на целиот ден, на функционирањето на вашиот ум и на вашиот физички изглед“, рече таа, признавајќи дека во минатото честопати ѝ се случувало и да месечари.
View this post on Instagram
„Колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам. Порано и месечарев во сон, а од таква состојба ме будеа алармите низ домот. Тоа стана нешто со кое навистина се борев“, рече таа и поради нејзиниот проблем, на крајот решила да побара лекарска помош.
View this post on Instagram
„Порано сонот беше последното нешто на мојата листа, но не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – исхрана, вежбање и спиење. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не функционира“, исткана ѕвездата.