Џенифер Анистон им се обрати на сите силни жени во Украина: Никого не остави рамнодушен

џенифер анистон
Џенифер Анистон / Фото: ЕПА-ЕФЕ/Инстаграм

Холивудската актерка Џенифер Анистон пред два дена на својот инстаграм-профил објави емотивна честитка упатена за сите силни жени во Украина.

„Размислувајќи за жените и девојките во Украина, но и за остатокот од светот кои херојски се борат за својата земја и народ – како воини, мајки, организатори, згрижувачи на бегалци, како демонстранти, како новинари. Испраќам порака до оние жени кои ги ризикуваат своите животи во Украина и соседните земји, вие сте единствени и целиот свет е со вас“, напиша Анистон во својата објава по повод Денот на жените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

„Знам дека е многу тешко да се сфати најдобриот начин да се помогне и да се поддржи, па затоа собирам некои од начините за поддршка на овие жени преку донации“, додаде таа.

Актерката своите зборови за поддршка ги објави заедно со серија шокантни фотографии на кои се гледа силата на жените во украинската војна. Таа потоа остави неколку линкови што водат до водечките организации за да помогнат како што се „Come Back Alive“, „World Central Kitchen“ и Црвениот крст.

џенифер анистон
Џенифер Анистон / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Со овој потег славната актерка го покажа своето големо срце, а таа не е единствената. Холивуд е обединет во помагањето на Украина и остро ја осудува руската инвазија. Со донации се вклучија Дејвид и Викторија Бекам, Ештон и Мила Кунис, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот