Џејсон Момоа проговори за неуспесите во кариерата: Актерот се срами од улогата Конан Варваринот

џејсон момоа
Џејсон Момоа / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Џејсон Момоа неодамна се отвори за неуспесите во кариерата и улогата со која не се гордее.

Момоа, кој глуми во претстојните акциони блокбастери како што се „Аквамен и изгубеното кралство“ и десеттото продолжение на „Брзи и бесни“, призна за британскиот „GQ“ дека одреден проект може да биде забавен за снимање, но на крајот финалниот проект да не изгледа како што треба поради пропусти во постпродукција.

„Бев дел од многу работи кои беа навистина лоши и филмови каде нештата не беа под моја контрола“, рече Момоа, додавајќи дека „Конан Варваринот“ од 2011 година е еден од нив.

„Тоа беше едно од најдобрите искуства, но се претвори во големо купче г******“, изјавил актерот.

Момоа не навлезе во детали за тоа што конкретно му пречело во филмот „Конан Варваринот“ каде тој ја толкуваше главната улога, но не е изненадувачки што тој се чувствува така. Филмот, за разлика од оригиналните верзии од 1980-тите во кој глуми Арнолд Шварценегер, не успеа на бокс-офисот, а притоа доби лоши доста критики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enrique Morales (@emor62)


По објавувањето на филмот, критичарот на „Холивуд Репортер“, Кирк Ханикат, напиша дека „филмот не служи за никаква друга цел освен случајна огорченост, примитивно дивјаштво и садо-мазо еротика“.

„Филмот е глупав и го отепува умот, со протагонист кој не се разликува од неговите негативци“, напиша Ханикат во рецензијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот