Џеј Ло и Бен Афлек се разделуваат по три недели брак: Причината лежи во овој проблем

Фото: Принтскрин/Социјални медиуми

Џенифер Лопез и Бен Афлек ги разменија брачните завети пред само три недели, а иако нивната љубов делуваше прилично идилично, изгледа дека на новопечената брачна двојка не и цветаат рози, барем според пишувањето на странските медиуми.

Имено, актерот и пејачката веќе решиле да се разделат, односно да поминат малку време на пауза. Тие, наводно, сакаат да поминат некое време разделени по нивниот интензивен меден месец за да се фокусираат на своите кариери.

Џенифер Лопез и Бен Афлек
Бен Афлек и Џенифер Лопез на Венецијанскиот филмски фестивал во 2021 година / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Странските медиуми тврдат и дека латино дивата и четири години помладиот актер веруваат дека овој потег ќе им користи на долг рок и ќе помогне да се спаси нивниот брак. Тие, всушност, сакаат да се дистанцираат за да не се изгуби магијата меѓу нив и повеќе да се посакуваат еден со друг.

„Секогаш разговаат, си праќаат пораки, се слушаат на Facetime кога се разделени и работат. А времето на разделеност ја прави повторната средба многу подобра. Џенифер знае дека нејзиниот сопруг ќе биде покрај неа без оглед на се. Да се биде разделен толку брзо по венчавката не е идеално. Но, тие знаат дека го имаат целиот живот пред себе и уживаат во секоја минута од патувањето“, рекол извор близок на парот.

Џенифер Лопез и Бен Афлек на меден месец/Фото: Профимедиа

Овие наводи не се потврдени од Џеј Ло или Афлек, а корисниците на социјалните мрежи развија нова теорија за ваквата пауза меѓу парот. Имено, корисниците на Твитер тврдат дека Лопез барала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол.

Да потсетиме, сопружниците се венчаа на интимна церемонија во Лас Вегас, откако ја обновија својата романса речиси 20 години по раскинувањето.

Во текот на нивниот меден месец по Европа, Џеј Ло беше видно насмеана и расположена на сите фотографии што ги објавија светските медиуми, додека Бен Афлек изгледаше изморено и нерасположено. На една од фотографиите беше уловен како спие на палубата на јахтата, а на друга како плаче на вечерата со Џенифер.

Твитерџиите коментираа: „Веројатно бил пијан и се онесвестил“, „Зошто спие на стол кога има кревет зад него“…

ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Лопез ја потврди свршувачката со Бен Афлек: Прстенот има посебно значење

Првиот сопруг на Џенифер Лопез: Им посакувам сè најдобро, но мислам дека тој брак нема да трае

ФОТО | Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек: Пејачката го земала презимето на актерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот