Џефри Најс: Западот би можел да ги жртвува Донбас и Крим за повеќе руски гас

Џефри Најс/ Фото Википедија

Украина треба да преземе одговорност за каква било правна акција против Русија, бидејќи Западот може да го „корумпира процесот“ во замена за „евтин гас и нафта“, изјави поранешен меѓународен кривичен обвинител за британски Телеграф.

Џефри Најс беше главен обвинител против Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија, во Меѓународниот кривичен трибунал на ОН за поранешна Југославија, со седиште во Хаг, помеѓу 1998 и 2006 година.

Тој го посети Киев во последните месеци за да разговара за тоа како сторителите на потенцијалните воени злосторства можат да бидат повикани на одговорност.

Говорејќи за Телеграф, тој предупреди дека „постои реален ризик (Украина) да и предаде“ каква било правна постапка на меѓународната заедница, велејќи дека тоа може да заврши со тоа што Крим и Донбас ќе бидат жртвувани за мировен договор во замена за „евтина нафта и гас“ за Запад.

Тој предупреди дека странските сили би можеле да ја притиснат Украина да прифати „консензуално решение“ што би можело да ги компромитира Донбас и Крим – региони на Украина кои ги нападна Русија.

– Ризиците се дека меѓународните претставници ќе имаат свои интереси кои ќе им служат, што може да им овозможи да влијаат на процесот или дури и да го корумпираат – рече тој.

Карим Ахмад Кан, британски адвокат кој служи како главен обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), започна истрага за наводните воени злосторства во Украина во март. Но, оттогаш нема објавено некои детали.

Русија постојано ги користеше своите огромни резерви на фосилни горива како „оружје“ и се закани дека ќе го ограничи снабдувањето за Западот.

Џефри Најс изјави и дека меѓународниот правен процес најверојатно ќе потрае многу подолго и ќе биде поскап, пишува Телеграф. Тој рече дека подобро ќе им служи на интересите на Украина ако ја бара Русија на одговорност, наместо да дозволи Меѓународниот кривичен суд да ја преземе контролата, бидејќи „сите земји на крајот им служат на нивните сопствени интереси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот