Џавид: Вакцините можеби не се ефикасни против новите мутации на коронавирусот

Вакцинација против коронавирусот во Франција
Вакцинација против коронавирусот во Франција / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид денеска изјави дека вакцините против ковид-19 можеби се помалку ефикасни против новите идентификувани варијанти на коронавирусот.

– Тоа што го знаеме е дека овде има значителен број мутации, можеби двојно повеќе од бројот на мутации што сме ги виделе во делта сојот, изјави Џавид, пренесен од британските медиуми.

Според британскиот министер, тоа укажува дека новите мутации може да се позаразни и дека сегашните вакцини со кои се располага можеби ќе бидат неефикасни.

Научниците предупредија дека нов вид на коронавирус, со „исклучително голем број“ мутации, може да предизвика нови бранови на болеста, заобиколувајќи ги одбрамбените механизми на телото.

Британски „Гардијан” пренесува дека геномското секвенционирање во три држави потврдило 10 случаи на оваа нова варијанта на вирусот, што предизвика сериозна загриженост кај некои истражувачи, бидејќи бројните мутации можат да му овозможат на вирусот да го заобиколи имунитетот.

Варијантата Б.1.1.529 има 32 мутации во шилецот на протеинот, дел од вирусот што повеќето вакцини го користат за да го подготват имунолошкиот систем за борба против ковид-19.

Оваа варијанта за прв пат е регистрирана во Боцвана, каде што беше потврдена со секвенционирање во три случаи, а уште шест случаи се потврдени во Јужноафриканската Република и еден случај во Хонг Конг, кај патник кој се враќал од Јужна Африка, пишува британскиот весник.

Извор: МИА

СЗО свика итен состанок по најновиот сој на коронаворусот откриен во Јужна Африка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот