ФОТО | Џамбазов: И да внимаваш, пријателе мој. Таа што ќе те оздрави за една година, може да те разболи за една минута…

Instagram
Фото: Инстаграм

Игор не може да помине ниту ден разделен од својата Илина. Маестралниот Џамбазов покрај тоа што е врвен актер и шоумен, се повеќе станува познат и како голем романтичар.

Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено се омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, взаемната поддршка и позитивната енергија.


Пред две недели, Илина Арсова се искачи на врвот Ариста Санта Барбара, кој е на  5790 метри. Ова е еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка, а веста ја сподели нејзиниот партнер Игор Џамбазов кој во својата објава и напиша „Те сакам, супер-жено моја“.

Алпинистката Илина Арсова деновиве ги минува во Еквадор, каде заедно со експедиција предходно го искачуваше еден од највисоките активни вулкани во светот Котопакси.


Разделени еден од друг, овој пат 10.850 километри, славниот актер и шоумен постојано споделува на социјланите мрежи колку му недостасува неговата љубена.

Една од последните објави на актерот е со фотографија од Илина, а под описот на фотографијата Игор напиша.

„Ме мисли…и јас ја мислам…10.850 километри се ништо за мислата…“ – стои во описот на објавата која Џамбазов ја сподели на својот инстаграм профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот