Џафери во одбрана на Адеми: Не можам да ги врзам пратениците, ако си седат на место ќе нема инциденти

талат џафери арбер адеми слободен печат
Талат Џафери, Арбер Адеми / Фото: Слободен печат - Драган Митрески, Влада / Колаж: СП.

Инцидентот на Комисијата за европски прашања му го припишаа на Арбер Адеми, инцидентот го предизвикаа тие коишто отидоа до говорницата. Пораката е да не се повтори. Ако секој си седи на своето место ќе нема инциденти, рече на брифинг со новинарите претседателот на собранието Талат Џафери и порача јавноста да ја изгледа целата снимка за да има увид кој го испровоцирал претседателот на Комисијата за тој да фрла со филџани, тацни и шишиња по опозициските пратеници.

-Не оправдувам ништо. Не оправдувам таков чин. Тоа никако не е добро. Но јас како претседател на Собранието немам надлежност да влијаам и да интервенирам. Претседателот на комисијата е надлежен за редот на комисиската седница, а обезбедувањето не може да интервенира додека не биде повикано.  Треба да се гледа целата снимка и да се види дека Адеми бил испровоциран, дали со лична навреда, јас не знам и нема да оценувам. Не е во ред целата вина да падне врз Адеми. Но кога се гледа целината, јасно е. Јас не можам да ги врзам пратениците или да ги апсам за да не излегуваат пред говорница – рече Џафери.

Пратениците никако да стават точка на секојдневниот неред

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот