Џафери сака да се измени собранискиот Деловник, да се отстранат „процедуралните пречки“

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Измени на Деловникот за работата на Собранието се важни и тие ќе овозможат пратениците да фокусираат на суштинските прашања, без при тоа да бидат забавени од сите процедурални пречки кои се вистински предизвик за работата на Собранието, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на Конференцијата на Европскиот парламент.

На конференцијата на тема „Креирање на парламентарна демократска култура преку дијалог и градење консензус“, Џафери зборуваше за дијалогот на парламентарните групи во рамки на процесот „Жан Моне“.

Џафери вели дека ова е долгорочен процес кој може да трае и неколку години и дека се состои од неколку рунди на дијалог.

„Ако сакаме да имаме култура на дијалог меѓу политичките партии застапени во Собранието, ние мора да работиме заедно. Но, да нема недоразбирање – тоа не значи дека бараме униформност. Ние сите сме членови на различни политички партии, со различни политички програми за кои сме добиле доверба од граѓаните и согласно тие програми даваме приоритет и на различни цели“, вели Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот