Џафери: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе биде на дневен ред на наредната пленарна седница

Талат Џафери / Фото: Архива на „Слободен печат“

Претседателот на Собранието Талат Џаферо денеска од собраниска говорница соопшти дека предложната Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница.

– Резолуцијата е примена во Собранието и е во изготвување да се распредели до сите пратеници. Согласно Деловникот, за актите за коишто не се распределени до пратениците не може да се отпочне собраниска постапка. Се надевам дека до наредната седница ќе биде спремен целиот материјал. Не е започната законската постапка за соодветниот документ, рече Џафери одговарајќи на процедуралната забелешка на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој на почетокот на 46. седница побара Резолуцијата да биде ставена на дневен ред.

Мицевски рече дека во јавноста имало голем интерес за овој документ.

– Оваа резолуција која што предизвика голема заинтересираност на македонска јавноста и можност да продискутираме во македонското Сонбрание во контекст на блокадите на европските интеграции. Оваа Резолуција е добар документ затоа што би имала обврзувачко дејство согласно волјата на пратениците, а за Владата би значело оцртување на лошите рамки во коишто таа смее да разговара но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси, рече тој.

Димитар Апасиев од Левица Апасиев, повикувајќи се на член 3 став 4 од Деловникот, потенцираше дека доставувањето на материјалите двојазично на пратениците кои не се припадници на заедниците е протиуставно и протиделовнички.

– Ние како Левица овие материјали од денеска ќе ви ги враќаме. Ова на албански јас не го разбирам. Барам во иднина на службите да има кажете дека јас не сум пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, да ми доставуваат материјали исклучиво на македонски јазик, рече Апасиев.

Тој исто така го праша Џафери зошто двата закони што тие ги поднеле не се ставаат на дневен ред поднесени во мај и април, потсетувајќи го дека тој е должен во рок од три дена нив да ги достави до пратениците со што започнува собраниската постапка.

– Немам што да додадам во однос на процедуралното, во контекст на постапката што ја направи во Собранието и не бара дополнителни објаснувања. Во 1996 година имаше 11 години, касно си дошол на оваа возраст. За среќа ние сме во 21 век 2021 година и твојата постапка укажува дека си еден век назад во однос на перцепцијата и разбирањето, му одговори Џафери.

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 46. седница ги изгласа Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи, Предлог на закон за изменување на Законот за социјалната заштита, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, во прво читање.

Седницата продолжи по точките од дневен ред на 45. седница, односно за измените на Законот за ДДВ, односно за намалување на ДДВ за електричната енергија од 18 на 5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот