Џафери: Лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Оваа година е посебно значајна, затоа што одбележуваме јубилејни 80 години од денот кога борците на антифашистичката генерација се исправија решително и несебично во борба за слобода и достоинство, положувајќи го најскапоценото во глобалната битка на доброто против злото, истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговата честитка по повод денешниот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.

– Тие ја избраа потешката, но исправна страна и со тоа ги сочуваа своето достоинство, човечноста и солидарноста но над сѐ, го дадоа својот придонес за подобар, похуман и поцивилизиран свет, свет без болка, солзи, без поделби и тага, наведе Џафери.

Тој додаде дека таа желба за слобода придонела и во градењето на државноста. И затоа, како што посочи, „денес оддаваме почит на сите кои имаа удел во таа борба, за да можеме сите ние да ги уживаме благодатите на животот во слободна, силна и демократска држава, која од минатата година со членството во НАТО и самата е контрибутор во светскиот мир и поредок“.

– Битно е, лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат затоа што, поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес. Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден! Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!, вели Џафери во неговата честитка.

Извор: МИА

Заев: Денот на народното востание е врежан со златни букви во колективната меморија на нашиот народ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот