Џае-ин: Разговорите на Северна Кореја и САД мора итно да продолжат

Претседателите на САД, Јужна и Северна Кореја, Џо Бајден, Мин Џае-ин и Ким Јонг-Ун/ Фото EPA

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, ги повика ОН за брзо продолжување на преговорите меѓу Северна Кореја и САД за програмите на Пјонгјанг за нуклеарно и балистичко оружје, кои беа прекинати од 2019 година, пренесува Ројтерс.

Повикот на јужнокорејскиот претседател на првиот ден од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк доаѓа една недела откако Северна Кореја лансираше балистички ракети на кои Јужна Кореја веднаш одговори.

„Апелирам за брзо продолжување на дијалогот меѓу двете Кореи и меѓу САД и Северна Кореја“, рече Мун Џае-ин во говорот за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН. Тој се надева дека Корејскиот Полуостров ќе ја почитува силата на дијалогот и ќе доживее соработка што може да изгради мир во регионот.

Северна Кореја ги обвини САД за двојни стандарди

Северна Кореја лансираше две балистички проектили кон морето на 15-та септември, по што следеше лансирање балистичка ракета од јужнокорејска подморница, која стана седма сила во светот со таа најсовремена технологија.

Вашингтон, сојузник на Сеул, тогаш ги осуди лансирањата на Северна Кореја, но не и јужнокорејските, па Пјонгјанг ги обвини САД за двојни стандарди.

Воведени се неколку меѓународни санкции против Северна Кореја поради нејзината програма за нуклеарно оружје и балистички ракети. Нуклеарните преговори со Вашингтон беа прекинати по неуспехот на самитот во Ханој во февруари 2019-та година меѓу севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Се зголемуваат тензиите на полуостровот: Северна и Јужна Кореја лансираа балистички ракети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот