Двосменското работење била причината за турканиците за вадење извод

Фото: Слободен печат

Откако вчера читатели ни се пожалија за работата на дирекцијата на Управата за водење на матичните книги во Скопје, побаравме одговор од Управата, зошто се појавуваат проблеми во нивната работа.

Од таму ни одговорија дека поради двосменското работење, постојат турканици на шалтерите.

– Турканиците можат да се избегнат доколку странките одат и попладне да ги завршат работите, тоа дека немало никој на шалтерите, можеби странките стигнале додека траела паузата – вели Катерина Битровска, портпаролката на Управата.

Граѓаните кои се пожалија во нашата редакција ни рекоа и дека многу ретко може да се извади извод, а тој да нема грешки.

За ова од Управата за водење на матичните книги ни рекоа дека изводите се добиваат за 5 работни дена но за исправни се води управна постапка.

– Изводите се добиваат за 5 работни дена, но доколку имаат потреба од исправки, за тоа се води управна постапка која по закон трае 30 дена – ни одговори Битровска.

БОНУС ВИДЕО:

Анкета: Искуството на граѓаните со Управата за водење на матичните книги во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот