Двојно повеќе инфицирани од вчера: Србија денеска пријави 120 заболени со ковид-19, едно лице почина

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Во последните 24 часа во Србија се направени 7.076 тестови од кои позитивни резултати добиле 120 лица, а властите пријавија и еден смртен случај. Според податоци на Министерството за здравство и на Институтот „Батут“ , на респиратори се приклучени 19 пациенти. Колку за илустрација, вчерашниот ковид биланс во Србија изнесуваше 51 позитивно лице.

Дури 71 отсто од позитивните тестови во изминатото деноноќие се однесуваат на лица од Белград додека епидемиолозите предупредуваат дека кон крајот на октомври и почетокот на ноември се очекува трет бран на коронавирусот, што создава дополнителни главоболки за тамошните власти, но и за сите останати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот