Двојникот на Кијану Ривс ја доби пресудата против Фејсбук, откако му го укина профилот
Маркос Џивс, Бразилец кој со ликот неодолива потсетува на холивудскиот актер Кијану Ривс, ја доби пресудата против Фејсбук откако компанијата му го згасна корисничкиот профил.
Судот во Рио де Жанеиро пресуди дека Фејсбук мора повторно да го активира профилот на Карлос и да му плати околу 880 евра. Ако не му го вратат профилот во следните пет дена, Фејсбук ќе треба да му плаќа дополнителни 35 евра за секој нареден ден.
– Борбата траеше две години. Штом сфатија дека личам на актерот, од Фејсбук го згаснаа мојот профил за помалку од три месеци. Истовремено постојат бројни профили кои се преправаат дека сум јас и бараат пари од обожавателите, а кои останаа активни – рекол Маркос.
View this post on Instagram
Џивс сфатил дека личи како познат холивудски актер пред 17 години, но не ни помислувал дека би можел да заработува за живот врз основа на таа сличност додека не ја изгубил работата на танкер. Потоа, тој се свртел кон работата во која ја глуми ѕвездата на „Матрикс“, а Фејсбук го користи за промовирање и договарање деловни работи.
View this post on Instagram
Моќта на цензурата: Кијану Ривс избришан од интернет просторот во Кина