Двојничката на Ким Кардашијан инвестирала милиони во естетки операции

Instagram
Instagram

Чали Д. Н. која живее во Лондон, потроши околу милион фунти на естетски операции за да изгледа како Ким Кардашијан.

Девојката покрај тоа што троши на дизајнерска облека, се обидува да го одржува младешкиот изглед со ботокси, филери и најразлични естетски корекции, иако истакнува дека нејзиниот пластичен хирург и пријатели ја замолиле „малку да забави“.

Instagram
Instagram

Во интервју за магазинот „Truly“, таа откри дека сфатила дека личи на Ким уште кога за прв пат видела нејзини фотографии.

Почнав да ја следам и помислив дека личи на мене“, изјави таа, додавајќи дека тие имаат сличен став и дека сѐ што ќе види на неа сака и таа да го носи.

Повеќе од 4.000 фунти потрошила на фустанот што го носела Ким, додека за палто платила околу 7.000. Сепак, се чини дека нејзината најголема опсесија се чантите, на кои, како што вели, потрошила вистинско богатство.

Instagram
Instagram

Јас секогаш морам да ги менувам и да бидам во чекор со Кардашијанс“, изјави таа, нагласувајќи дека нејзината професија е инфлуенсер, па затоа мора да ги следи сите модни трендови.

Морам да ја менувам облеката секоја сезона, па потрошив цело богатство. Пријателите и семејството ми велат да „забавам“. Толку многу трошам на облека и на мојот изглед што сите секогаш се загрижени“, истакна Чали.

Ѕвездата на социјалната мрежа „Instagram“ има повеќе од 730.000 следбеници вели дека нејзините инвестиции се исплаќаат.

Instagram
Instagram

Луѓето постојано ми велат дека изгледам како Ким. Секој пат кога ќе ме видат на улица, на забави или каде било. Тие секогаш ме прашуваат дали можат да се фотографираат со мене. Навистинами се допаѓа вниманието“, вели таа.

Како што вели, споредбата со Ким никогаш нема да ѝ здосади.

Таа е најубавата жена на светот. Таа е деловна жена и е многу паметна. Таа е икона“, смета Чали.

Instagram
Instagram

Иако планира да продолжи со естетски корекции и козметички третмани со цел да го задржи својот изглед, таа вели дека не ја копира Ким намерно, туку едноставно изгледа така.

Немав операција за да изгледам како Ким, само ботокс и филери, а тоа го прават сите“, вели инфлуенсерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот