Двојни аршини: Ѓоковиќ одбиен, а тројца тенисери кои навеле идентична причина добиле виза

Новак Ѓоковиќ не доби виза за влез во Австралија/ фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Спортска вест број еден во светот е откажувањето на австралиската виза на Новак Ѓоковиќ поради што српскиот тенисер нема да има шанса да ја брани титулата во Мелбурн.

Причината за одбивањето е страна на австралиските власти се неубедливите докази кои ги приложил Ѓоковиќ иако претходно две лекарски комисии во Австралија му дозволија со медицинско изземање да настапи на гран слем турнирот.

Но, Ројтерс јавува дека тројца тенисери кои ја навеле истата причина за медицинско изземање, добиле виза и беќе се наоѓаат во Мелбурн и се подготвуваат за настап на гран слем турнирот.
Засега не се открива името на тенисерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот