Двојна трагедија во Штип: Се обеси и девојката на момчето коешто вчера си го одзема животот

Фото: Архива на „Слободен печат“

Двојна трагедија го потресе штипско-карбинскиот регион. Момче и девојка поради недозволена љубов во рок од 24 часа си ги одзедоа животите со бесење. Дваесет и пет годишното момче вчера на локалитетот „Баргала“, а утринава и неговата 21-годишна девојка од селото Аргулица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот полицијата добила повик од Итната медицинска помош за пронајдено женско тело во семејна плевна во селото Аргулица. Извршен е увид на местото, а јавен обвинител наредил и обдукција на починатата девојка.

Мештаните во селото Аргулица се во шок, велат дека ова што се случи е двојна трагедија, за девојката потенцираат дека била мирна и вредна, а постојано им помагала доколку им била потребна медицинска помош, бидејќи работела во штипското Инфективно одделение како медицинска сестра и за време на неколкуте бранова била, какошто велат во првите борбени редови да им помага за пациентите во тешка здравствена состојба.

Момчето и девојката биле во врска, но, како,што велат дел од жителите, не им била дозволена, од едно од семејствата. Покрај телото на девојката утринава е пронајдено и проштално писмо.

ВИДЕО l 25 годишно момче од Штип си го одзеде животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот