Фото: mtftennis.mk

Двојна победа за Амар Хусеновиќ на турнирот во Кенија

Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ оствари двоен триумф на турнирот во Најроби, Кенија и со тоа ја потврди улогата на носител број 1 во двете конкуренции. Хусеиновиќ победи и во поединечна и во конкуренција на двојки заедно со Јан Сикора од Чешка. Во поединечна конкуренција А.Хусеиновиќ сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови.

Во сингл финалето Хусеиновиќ го совлада Аирик Абединзадех од Иран со 2-0 во сетови (6:3 6:1), а на патот до финалето Хусеиновиќ ги совлада: Рафаел Хозе Де Лима Гонзалез од Венецуела со 2-0 во сетови (60 60) – 2.коло, Педро Куероз од Бразил со 2-0 во сетови (76(4) 63) – 3.коло. Во четвртфиналето го победи Абделазиз Гуенуми од Мароко со 2-0 (62 63), а во полуфиналето беше подобар од Србинот Марко Драговиќ со 2-0 во сетови (6:4 6:1).

Во конкуренција на двојки со Чехот Јан Сикора во финалето ги победија тенисерите од Србија Марко Драговиќ и Урош Живковиќ со 2-1 во сетови,

Амар Хусеиновиќ и следната недела ќе има настап на турнир во Кенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот