ДВОЈНА КРУНА: Велкоски стрелаше за титула на Сараево! (ВИДЕО)

Фото: FK SARAJEVO - FACEBOOK

Веднаш после одигрувањето на натпреварот во Кошево на играчите на Сараево им беше врачен шампионскиот пехар, и тоа втор оваа сезона откако претходно го обезбедија и трофејот во националниот куп.

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски придонесе во големиот успех на клубот, во триумфот над Звијезда го реализираше четвртиот гол на својот тим непосредно пред паузата во 43. минута од средбата.

Сите дилеми беа решени во текот на првото полувреме, претходно во листата на стрелците се запишаа уште Рахмановиќ, Хебибовиќ и Ахметовиќ.

Секако ова се и одлични вести за нашиот селектор Игор Ангеловски пред продолжението од квалификациите за Европското првенство наредниот месец.

Велкоски покажува многу добри перформанси оваа сезона во дресот на Сараево, во 30 мечеви има реализирано 11 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот