Двојазична книга: „Заѕидана врата“ од Мирјана Стојановска

Битолскиот книжевен круг деновиве ја објави книга „Заѕидана врата“ од Мирјана Стојановска на македонски и на англиски јазик. Препевот на англиски јазик го направи Томислав Тошевски. Првото издание на книгата го објави издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје во 2007 година. Книгата содржи триесет песни пoделени во три циклуси: „Прозаичен свет“, „Ренесансата на Курбиново и Битола“ и „Во фантастичната игра на 2050“.

Во критичкиот осврт на книгата, своевремено поетот Гане Тодоровски забележа дека 743 стиха носат сложена едноставност, со смирена патетика и реторика, со кои поетесата ги обвива сакралните и профаните пулсации на животот, создавајќи поетски експонати на таканаречената комплицирана едноставност. Во нелогичностите на современиот живот, поетесата се повлекува во „својата градина“ и со „лилавите очила“ се обидува да го гледа поубавиот аспект на животот.

Инаку, Стојановска е автор на девет книги поезија и кратка проза. Дел од нејзината поезија е објавена на германски, англиски, албански, италијански и на романски јазик. Ова лето активно учествуваше на десет онлајн изданија на меѓународните поетски средби „Прозорец во светот“, во организација на Хрватското друштво на писатели.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 42, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот