Двоецот од Ајакс ќе го води Њукасл кон титулите во Премиер лигата и во Европа

Њукасл го сака тандемот на Ајакс, Марк Овермарс и Ерик Тен Хаг/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA/SALVATORE DI NOLFI

Откако вчера се појавија гласините, утринава пристигна потврда од неколку англиски медиумите, Њукасл тргнува во двоецот од Ајакс, Марк Овермарс и Ерик тен Хаг.

Овермарс и во Њукасл ги бил директор, додека Тен Хаг ќе ја добие шансата да го предводи Њукасл во походот кон титулите во Премиер лигата и во европските натпреварувања.
Новите сопственици на Њукасл се одлучија за Овермарс и Тен Хаг бидејќи Ајакс повторно прави чуда во Лигата на шампионите. Холандскиот тим игра офанзивен фудбал, просекот во ЛШ им е три гола по натпревар иако од екипата си заминаа Де Лихт, Де Јонг, Дест, Ван де Бек кои пак пред две години играа во полуфиналето на ЛШ.

Потврда дека Њукасл наскоро го донесе двоецот од Ајакс дојде и од познатиот италијански новинар Фабрицио Романо кој открива дека тренерот нема ништо против идејата да се пресели во Премиер лигата и во Њукасл, доколку со него во пакет пристигне токму Марк Овермарс кој пак би имал одврзани раце во носењето одлуки.

– Нормално дека Овермарс е заинтересиран за овој проект, тоа е преголем предизвик. Марк е во Ајакс 10 години и направи се што можеше. Наскоро може да се очекуваат и првите официјални потези на Њукасл, односно започнување на преговори со Овермарс и Тен Хаг – изјави уредникот на холандски „Телеграф“, Валентин Дрисен.

Причината поради која Тен Хаг сака и понатаму да соработува со Марк Овермарс е големата доверба но и слобода која тренерот ја има кај директорот. Токму Овермарс во 2017 година го донесе Ерик тен Хаг во Ајакс од Утрехт, а тренерот се „оддолжи“ со две шампионски титули, додека сезоната 2019/20 немаше шампион поради пандемијата на коронавирусот.

 

Видео на денот