Дводневен состанок на НАТО за поддршката за Северна Македонија, Албанија и Црна Гора за справување со пандемијата

НАТО, Брисел / Фото: Архива

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре ќе одржат виртуелен состанок со кој ќе претседава генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Министрите ќе разговараат за напредокот во однос на пофер распределба на товарот, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана во сите домени, зајакнување на отпорноста на општестваta; и за мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак. Ќе стане збор и за справувањето со пандемијата на Ковид-19 и поддршката од Алијансата за Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.

-Пандемијата КОВИД-19 продолжува да не предизвикува сите нас. Нашите војски продолжуваат да играат клучна улога во поддршката на цивилните напори. И сојузниците си помагаат едни на други. Поставување на теренски болници и транспорт на пациенти. И овој месец, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија добиваат поддршка од новите резерви на НАТО. Ковид-19 не направи другите предизвици да исчезнат. Значи, останува од витално значење да инвестираме во нашата одбрана, рече Столтенберг вчера на прес – конференцијата по повод одржувањето на дводневниот министерски состaнок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот