Движењето на Максим Димитриевски отвори огранок и во Тетово

Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски информира дека во Тетово е формирано граѓанското здружение “За заедничка иднина”, како огранок на неговото движење „За наше Куманово“, кое има амбиција да прерасне во политички субјект.

„Одржавме средба со иницијативниот одбор и за Претседател на здружението во Тетово е избран Небојша Захариевски. Граѓанскиот концепт се шири,
граѓаните ги препознаваат нашите вредности. Продолжуваме…”, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Претходно, освен во Куманово, вакви граѓански здруженија беа формирани и во Прилеп и во Крушево.

Димитриевски беше долгогодишен член на Социјалдемократскиот сојуз, но лани во пресрет на локалните избори тој не прифати СДСМ да кандидира друг кандидат за градоначалник, по што беше исклучен од партијата, но на изборите го порази кандидатот на СДСМ и повторно беше избран за „градски татко“ на Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот