Двете деца што беа оставени во автомобил се времено одземени од родителите

Полициски службеник / Фото: Архива

Двете деца што синоќа беа оставени сами во паркиран автомобил во скопската населба Ново Лисиче се времено одземени од родителите. Децата се сместени кај згрижувачко семејство, соопштија од Центарот за социјални грижи.

Се чекаат документи и официјални резултати од истрагата на МВР и ОЈО, за да се одлучи до кога ќе бидат сместени во згрижувачко семсјтво.

Центарот знаел за ситуацијата на децата уште од вчера, но поконкретни чекори се преземаат денеска поради тоа што се чекало да завршат лекарскиte прегледи.

https://www.slobodenpecat.mk/dve-decza-se-pronajdeni-ostaveni-sami-vo-avtomobil-vo-novo-lisiche/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот