Двегодишната инфлуенсерка чија облека вреди цело богатство! (ФОТО)

И покрај тоа што има само две години, Анита Феликс ја следат повеќе од 12 илјади луѓе на Инстаграм. Нејзината гардероба е полна со дизајнерска облека чија вредност се проценува на над 50 илјади долари.

Зад малата Анита стои 27-годишната мајка Стела, која ја откри љубовта кон дизајнерските парчиња уште пред да роди ќерка. Иако многумина ја критикуваат, тоа не планира да ги намали трошоците.

“Кога се роди Анита, почнав да објавувам една до две нејзини фотографии месечно и многумина беа заинтересирани. Денес нејзините фотографии се наоѓаат на многу популарни страници на Инстаграм, како и страници во бутици со дизајнерска облека за деца”, рекла гордата мајка.

Како што тврди, 95% од гардеробата на Анита е составена од дизајнерски парчиња.

“Некогаш ме замолува да ја сликам, понекогаш не сака. Сè зависи од нејзиното расположение, но таа дефинитивно може да позира како дива”, додава Стела.

Некои луѓе ја критикуваат затоа што мислат дека троши премногу на облека за бебиња.

„Тие мислат дека е губење пари, но би сакала да пораснев со дизајнерска облека и сега да можев сама да одлучам што е најдобро за мене и за моето дете”, истакнува таа.

Стела пред три месеци го роди и момчето Лука, кое исто така понекогаш позира во луксузна облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот