Две жени приведени во истрага за исчезнување Србин во Франција, кој најверојатно е убиен

Француска полиција/ Фото: ЕПА

Две жени се приведени во истрагата за убиство, откако кон крајот на декември во Безансопн, во источна Франција, мистериозно исчезнал еден Србин, кој живеел во Германија и најверојатно бил убиен, јави дописникот на МИА.

Според блиските, кои го пријавиле неговото исчезнување на 26 декември, Србинот го напуштил својот дом во Германија на 22 декември за да купи возило во градот Франш-Комте, наведе на брифинг со новинарите обвинителот. Тој кај себе имал „сума пари”, додаде тој, без сепак да ја прецизира сумата.

Србинот патувал со сопствен автомобил, пронајден од полицијата во Безансон. Траги од крв на исчезнатиот се откриени „во значително количество” во багажникот, што е „силна трага што сугерира „ намерно убиство”, оцени обвинителот, според кого истрагата и била доверена на Судската полиција од Безансон.

Против Србин, кој „неколку дена престојувал во Планоаз” и „со кого жртвата контактирала за трансакцијата”, е издаден налог за апсење, продолжи обвинителот Етиен Манто, според кого осомничениот од 26 декември се наоѓа во бегство.

Од друга страна, двете жени, исто така со српско потекло, на возраст од 25 и 58 години, биле во контакт со бегалецот и „се осомничени дека го исчистиле станот” во кој тој живеел, посочи обвинителот.

Едната жена денеска е обвинета за „измена на местото на злосторството” и „непријавување кривично дело”, додека постарата е обвинета за „непријавување кривично дело”. Двете се притворени.

Според истрагата, „тие имаат и ги знаеле решавачките елементи за расчистување на настанот, но молчеле”, објасни обвинителот, според кого „има силна причина да се плаши” дека исчезнатото лице е „мртво”

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот