Две жени од Шуто Оризари ќе добијат оштета, државава не обезбедила гинеколошки услуги во Општината

Прва одлука против Македонија на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените при Организацијата на обединетите нации (ООН) со која се утврди повреда на правото на еднаков третман и дискриминација врз основа на етничка припадност кај две жени од Шуто Оризари на кои им било оневозможено да добијат гинеколошки услуги и со која ООН препорачува дека државата треба да ги обесштети Ромките кои не можеле да си изберат матичен гинеколог, велат од Иницијатива на жени од Шуто Оризари.

Инаку жените од Шуто Оризари добија гинеколог во октомви месец годинава, откако Иницијативата на жени од Шуто Оризари побара од Министерството за здравство што побрзо решавање на овој проблем и поставување на нов гинеколог.

-Д-р Божидар Бошковски е искусен гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје и ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Проблемот го решивме- рече своевремено министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот потенцираше дека најважно е тоа што пациентките отсега ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот