Две жени на протестите во Хрватска откриле дека биле силувани: Имав само девет години, беше ужасно

Во многу хрватски градови одржани се протести поттикнати од случувањата со групното силување во Задар, како и за тоа како правосудството постапувало во врска со тој случај, пренесува Индекс.хр.

Најголем протест е одржан во Загреб, каде се собрале илјадници луѓе, а организаторите тврдат дека имало 7.000 луѓе.

Протест бил одржан и во Чаковац, каде Сузана Грашиќ, раскажала приказна, која досега ја чувала во себе уште од својата деветта година.

– Бев кај тетка ми за празниците која не ми дозволи да одам да си играм кај другарките, но јас побегнав. Одејќи натака по пат ме пресетна еден човек. Ме одведе длабоко во пченката која беше насадена покрај патот и таму ме силуваше. На никого му немав кажано за ова, ниту на мојата мајка. Плачев, се затворав во својата соба, имав ноќни мори, беше ужасно. Сега по толку време одлучив да ја кажам вистината. Одлучив, бидејќи морам да се ослободам, не можам повеќе да живеам со тоа. Никогаш не го пријавив во полиција човекот кој не го познавав, од паника не успеав ниту да му го запомнам лицето, само знам дека беше повозрасен. Животот ми е уништен – раскажала таа.

Друга жена запрепастена од приказната на Сузана, раскажала дека била силувана пред еден месец и дека поради тоа психички заболела, како и дека сега конечно собрала сили за да го пријави случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот