Две воспитувачки од тетовска градинка позитивни на ковид-19 испратени во изолација

Фото: ЕПА

Две воспитувачки од градинка објект Тетекс во Тетово се евиденитирани како заболени од Ковид-19, а нивните групи со деца и колешките се во изолација дома. 

Директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост” Рамије Даути вели дека двете колешки се во добра здравствена состојба, како и децата од нивните групи кои не покажале симптоми.

Нема поголеми проблеми. Тоа не е болест која се шири само во градинките. Можат и дома да се разболат. Една група е изолирана, тука имавме две деца и двете деца се дома. Ги имам контактирано и вработените и родителите од децата и сите потврдија дека моментално се добри, изјави Рамије Даути.

Во јуни кога беше направен скрининг кај вработените во градинките, немаше ниту еден позитивен случај. 

Во објектите на ОЈУДГ „Младост” во Тетово според протоколите за работа во услови на пандемија со Ковид-19 овозможено е згрижување на 200, а по започнувањето со работа беа дојдени 98 деца.

Според информациите на Министерството за здравство тетовскиот регион досега брои вкупно 1387 дијагностицирани со Ковид-19 од кои активно болни се 168 луѓе. Вкупно се оздравени 1134 лица, а има и вкупно 85 смртни случаи поради Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот