Две воспитувачки и едно дете од градинка во Делчево се заразени со коронавирус, 35 деца заминуваат во изолација

Фото: Архива на Слободен печат

Триесет и пет дечиња од Делчево кои посетуваат градинка, заминуваат во изолација, откако кај две воспитувачки и едно од децата во градинката „Весели Цветови” е утврдено присуство на вирусот Ковид-19.

Директорката на градинката Билјана Симовска информираше дека освен дечињата по насока на епидемиолог во изолација одат и четири негувателки и една воспитувачка.

-Една од негувателките кои одат во изолација е веќе тестирана и е негативна на вирусот, додека останатите три негувателки и една воспитувачка ќе се тестираат во вторник. Ова практично значи дека во изолација ќе бидат 3 воспитни групи со 35 дечиња од објектот бр.2 или централниот објект, информираше Симовска.

Во текот на вчерашниот ден од страна на вработен е извршена дезинфекција во целиот објект, а во текот на денешниот ден како што додаде, ќе се изврши дезинфекција и од страна на Центарот за јавно здравје Кочани.

-Од страна на градинката доследно се почитуваат протоколите дадени од Министерството за здравство како од страна на вработените, така и од страна на родителите и така и ќе продолжи установата. Во меѓувреме се преземаат сите мерки на безбедност и претпазливост, во координација со епидемиолог и санитарен инспектор, додаде Симовска.

Во објектот бр.1 или таканаречена горна градинка, директорката на ОЈУДГ „Весели Цветови”, додаде дека се се одвива во најдобар ред и групите работат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот