Две третини од граѓаните на Србија се за враќање на воената служба

Српски војници / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Две третини од српските граѓани поддржуваат повторно воведување на задолжителна воена служба, покажуваат резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од Центарот за геостратешки истражувања и тероризам.

Вкупно 63,81 процент веруваат дека модернизацијата е неопходна за Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана (РВПВО), а 25,22 проценти тоа го сметаат за копнената војска.

Од анкетираните, 47,35 отсто веруваат дека РВПВО има направено најголем напредок во модернизацијата во изминатите пет години, а 24,14 проценти одговориле дека ниту еден вид на Војската на Србија (ВС) не бил модернизиран во тој период.

Две третини од испитаниците, или 66,4 проценти, веруваат дека концептот на милитаризација не е надминат во 21. век, а 61,81 отсто сметаат дека е неопходно да се зголеми бројот на мировните сили, додека 67,3 проценти изјавиле дека е потребно да се зголеми и резервниот состав на српската армија.

Воената неутралност на Србија ја поддржуваат 68,7 проценти од граѓаните, а 18,4 отсто се против.

За 41,97 проценти од луѓето неутралноста не е долгорочно решение, а повеќе од половина од граѓаните, 50,44 отсто, сметаат дека Србија не треба да биде членка на некој воен сојуз, но 32,6 проценти го мислат спротивното.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот