Две топки на теренот и пенал, уште сега дајте и го пехарот на Англија

EPA-EFE/Laurence Griffiths

По второто полуфинале и спорниот пенал, Италијанците стравуваат во финалето, додека Англичаните се прават „Англичани“ како ништо да не се случило.

Англија е во фудбалска еуфорија откако „Гордиот Албион“ за прв пат во историјата обезбеди пласман во финале на едно Европско првенство. Медиумите го слават триумфот над Данска, но за тоа што се случуваше во спорните моменти, односно пеналот, тие молчат и сметаат дека одлуката била на судијата и дека Данска не била оштетена.

„За промена, еднаш и ние да имаме среќа со судиите“ е еден од насловите во англиските медиуми.
Данскиот селектор Каспер Хјумланд со бирани зборови зборуваше на прес-конференцијата на која напомена дека на теренот имаше две топки, а судијата Макели не ја прекина акцијата по која Стерлинг падна во казнениот простор кога беше досуден пеналот.

Во Италија, медиумите имаат поинакво расположение од англиските. На Апенинскиот полуостров, во прв план е холандскиот судија Дени Макели, а има и коментари дека е подобро пехарот да им се даде на Англичаните уште пред финалето доколку судењето биде како на вчерашниот натпревар.

Тие сметаат дека Англија е фаворизирана бидејќи е „домаќин“ кој досега не триумфирал на ЕП. Италијанските медиуми ја сметаат Англија за домаќин бидејќи само еден натпревар на Евро 2020 не го одигра на „Вембли“, тоа е четвртфиналната пресметка со Украина.
Исто така, поголем дел од европската фудбалска јавност смета дека пеналот во најмала рака е сомнителен и дека Англија добила ветер во грбот.
Англичаните се поголеми Италијанци од самите Италијанци“ пишува шпанскиот весник „Ас“, кој притоа се потсмева на изјавата на Рахим Стерлинг кој изјави дека прекршокот над него бил чист пенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот