Две тепачки во Велес

Македонска полиција / Фото: МИА

Во СВР Велес вчера околу 18:00 било пријавено дека едно лице физички го нападнало  82 – годишниот С.Т. во куќа на ул.„Ганчо Хаџи-Панзов” во Велес, по што настанала физичка пресметка помеѓу него и синот на С.Т., информира портпаролот Верољуб Додевски.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели Додевски. 

Исто така вчеравечер околу 19:20 минути во СВР Велес било пријавено дека во двор на куќа на ул.„Благој Нечев” во Велес настанала физичка пресметка помеѓу 43 годишниот Л.Х. и 43 годишниот Б.У.

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,најави Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот