Две тела затрупани под снег пронајдени во популарен турски ски-центар

Фото: ЕПА/илустрација

Две лица загинаа во лавина во градот Ерзурум во источна Турција, соопшти денеска Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во време кога земјата се бори со тешки зимски услови.

АФАД соопшти дека лавина ја погодила областа Хорасан во источниот град Ерзурум околу 12 часот и додаде дека во таа област се распоредени екипи за итни случаи, пренесе Ројтерс.

„За жал, пронајдени се телата на двајца наши граѓани кои беа затрупани под лавина во областа Ерзурум во Хорасан“, соопшти АФАД.

Во источниот дел на Турција чести се студените зими со обилни снежни врнежи.

Ерзурум има некои од најпопуларните скијачки патеки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот