Две состојки со кои ќе ја елиминирате настинката за два дена

Фото: Профимедиа

Поради промените во надворешната температура, настинката веќе станува наш чест „гостин“. Дали знаете дека само во два потега и со две клучни состојки можете да се ослободите настинката за само два дена?

Решението се крие во вашата кујна и време е да го пробате овој едноставен и вкусен рецепт.

Благодатите од медот се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Сепак, комбинацијата од овие две состојки може да се каже дека е вистинска имунитетска бомба, а помага и при хронична кашлица, замор, настинка и ги чисти синусите.

Дури и ако се користат целосно одделно, медот и циметот имаат лековита моќ. Така, постои верување дека човек кој зема мед барем неколку пати месечно не може ниту да се разболи.

Научните истражувања, кои се спроведени низ целиот свет, покажуваат дека медот и циметот во комбинација имаат извонредно благотворно дејство. Имено, тие ги регенерираат клетките и ткивата, ја зголемуваат отпорноста на организмот и се одличен сојузник во борбата против вирусите, високиот холестерол и шеќерот во крвта.

Состојки:

1. лажица мед
2. лажичкa цимет во прав

Подготовка:

1. Во децилитар млака вода помешајте го медот и циметот и мешајте сè додека не се растопи.
2. Напивката пијте ја два пати дневно, најдобро три дена по ред. Истото можете да го направите и без вода.
3. Во шолја помешајте мед и цимет, а доколку ви е полесно направете си количина за неколку дена.

Ако страдате од настинка, земете една лажица мед со една лажичка цимет. Земете го три дена по ред. Ова ќе ја реши настинката, хроничната кашлица и затнатите синуси. Шпанските лекари открија дека медот содржи природни состојки кои убиваат вируси и штитат од грип.

Се верува дека секојдневниот чај со мед и цимет може да го продолжи животот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот