
Две сценарија ја водат Македонија во четвртфинале
Maкедонската ракометна репрезентација вчера славеше победа над Катар во вториот натпревар од втората фаза на Светското првенство со 39:34, а иако шансите за четвртфинале ни се мали, сепак тие се уште постојат.
Препорачано
Нашата репрезентација во овој момент е на делба на третата и четвртата позиција со по четири бода со Холандија. Франција е лидер во групата и сигурна со осум бода, па во последното коло против нас нема резултатски амбиции. На второто место е Унгарија со пет, додека зад нас се Австрија со три и Катар без бодови.
Македонија во четвртфиналето може да се пласира само по две сценарија:
– Ако ја побеидме Франција, Холандија ремизира или изгуби од Австрија и Унгарија ремизира или изгуби од Катар.
– Ако одиграме реми со Франција, а Холандија и Унгарија бидат поразени во своите натпревари.
Иако во овој момент и двете сценарија изгледаат како далечни и малку веројатни, сепак сведоци сме биле на чуда кои ги донел спортот, па зошто и утре да не се случи нешто слично.
Македонија и Франција играат во терминот од 20:30 часот, Катар и Унгарија од 18:00, а Холандија и Австрија од 15:30 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5