ДВЕ РУСИНКИ МАЧЕЛЕ МОМЧЕ ПОРАДИ ТЕЛЕФОН: Го обвиниле дека им го скршил екранот, а потоа го врзале и го силувале

Фото: Профимедиа

Две жени се уапсени во Русија и обвинети за заеднички сексуален напад. Тие злоупотребувале 19-годишно момче по расправа за ајфон. Неименуваните жени (22 и 23 години), обвинети се дека го врзале момчето и го силувале со се*с-играчка.

Полицијата наведува дека осомничените со телефон го снимале нападот во Бугулма и се заканувале дека снимката ќе ја објават на Интернет.

Младата жена го повикала момчето во својот стан да и го поправи телефонот, велат полициските извори. Тој го однел дома распианиот телефон за да го поправи, а кога се вратил во станот, таму била и другата жена.

Двете жени го обвиниле дека им го скршил екранот на телефон и му побарале околу 43 евра, но тој ги отфрлил обвинувањата дека го оштетил телефонот.

– Одбил да плати, па тие го претепале, го врзале и го силувале со секс-играчка – стои во извештајот. Тие исто така го снимале нападот, истакнува полицијата.

Потоа му се заканиле дека ќе ја објават снимката од силувањето ако одбие да плати 43 евра, односно 3.000 рубљи. Момчето им ветило дека ќе им ги даде парите откако ќе се врати дома, но наместо тоа, тој се упатил во полициска станица и ги пријавил.

Полицијата веднаш нашла докази за сексуалниот напад и веднаш ги уапсила двете жени, кои не се именувани.

Според информациите од локалните медиуми и „Дејли меил“, на двете жени им се заканува 10 години затвор за сексуален напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот