Две различни лица во само 30 секунди, тоа е „Специјалниот“, тоа е Мурињо! (ВИДЕО)

фото: твитер

Португалецот со ново шоу крај аут линијата, а неговото однесување после нереализираниот пенал на Сити, за краток период стана хит на социјалните мрежи.

Во дербито на 25. коло во Премиер лигата, Тотенхем успеа со резултат 2:0 да биде подобар од Манчестер сити, и на некој начин направи „услуга“ на Ливерпул на патот кон титулата.

Португалскиот менаџер Жозе Мурињо кој оваа сезона го води Тотенхем повторно беше во центарот на вниманието.

„Специјалниот“ направи ново шоу крај аут линијата, а неговото однесување после нереализираниот пенал на Сити, за краток период стана хит на социјалните мрежи.

Сè се случуваше кога Љорис му одбрани пенал на Гундоган. Тогаш, на одбиената топка налета Рахим Стерлинг, кој после интервенцијата на францускиот голман падна и побара нов пенал.

Судијата Мајк Дин повторно покажа на белата точка, па дојде до вербален конфликт меѓу Стерлинг и Љорис.

Сето тоа Жозе го следеше со насмевка, седна на клупата, помошникот сигнализираше дека Стерлинг има веќе жолт картон, на што стратегот на Спарси бурно реагираше, се сврте кон четвртиот судија со намера дека играчот на „граѓаните“ треба да му биде покажен црвен картон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот