ДВЕ РАЗБОЈНИШТВА ВО СКОПЈЕ: Нападнат и ограбен вработен во бензиска во Ѓорче и во казино во Аеродром

Две разбојништва се случиле денеска во Скопје. Како што соопшти МВР, во 08:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АВНОЈ“ пред канцеларија на ланец казина, две лица, од кои едното имало пиштол, физички го нападнале и извршиле разбојништво врз М.Ц.(57), вработен во казино, и му одзеле пари.

Во 4.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бензинска пумпа на ул. „Ѓорче.Петров“ едно лице со закана извршило разбојништво и одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи, посочуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот