Две починати лица, 152 нови пациенти и 126 оздравени од ковид-19 во земјава за изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на ковид-19 во Скопје – 58, во Куманово – 5, во Дебар – 2, во Штип – 5, во Прилеп – 4, во Тетово – 5, во Струга – 6, во Велес – 1, во Битола – 5, во Охрид – 3, во Кавадарци – 2, во Гостивар – 1, во Гевгелија – 6, во Струмица – 14, во Кочани – 18, во Пробиштип – 1, во Берово – 4, во Валандово – 4, во Свети Николе – 3, и во Кичево – 2.

Денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 126 оздравени пациенти од Скопје – 32, од Куманово – 17, од Штип – 5, од Прилеп – 7, од Тетово – 7, од Струга – 6, од Велес – 4, од Битола – 1, од Охрид – 2, од Гостивар – 1, од Гевгелија – 15, од Струмица – 5, од Крива Паланка – 2, од Кочани – 7, од Пробиштип -1, од Пехчево – 5, од Берово – 2, од Виница – 3, од Делчево – 1, од Кратово – 1, од Свети Николе – 1 и од Кичево – 1.

Прочитајте и...  Ковид-19 во Кавадарци: Инфицирана вработена во Мал групен дом во Кавадарци

Во болнички услови се починати се двајца пациенти – по еден од Охрид на возраст од 77 години и од Радовиш на возраст од 62 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.200, бројката на оздравени пациенти е 14.312, на починати е 712, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.176. Дистрибуцијата по градови е следна

• Скопје 6739, активни 625

• Куманово 1713, активни 176

• Дебар 282, активни 41

• Штип 1239, активни 53

• Прилеп 643, активни 124

• Тетово 1405, активни 176

• Струга 660, активни 64

• Велес 313, активни 35

• Битола 285, активни 62

• Охрид 416, активни 51

• Кавадарци 222, активни 37

• Гостивар 918, активни 107

• Гевгелија 115, активни 49 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

Прочитајте и...  Без срам и перде: Жена украде саксија со цвеќе поставена пред скопско кафуле (ВИДЕО)

• Струмица 204, активни 130

• Крива Паланка 102, активни 27

• Радовиш 74, активни 22

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 304, активни 128

• Пробиштип 107, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 42, активни 3

• Берово 91, активни 29

• Валандово 24, активни 15

• Виница 103, активни 26

• Делчево 154, активни 83 (33 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 2

• Свети Николе 322, активни 22

• Кичево 315, активни 36

• Ресен 162, активни 14

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.630 теста се преку: ИЈЗ – 492, ЦЈЗ Скопје – 46, Авицена – 418, Биотек – 147, МАНУ – 100, Жан Митрев (Филип Втори) – 176, Систина со PCR метода – 117, лабораторија Лаор – 23, Судска медицина – 17, ЦЈЗ Битола – 51, Инфективна клиника – 3, ГАК – 14, Синлаб – 2. Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Прочитајте и...  Груевски: Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, две  деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 септември” примени се двајца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се четири лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 153, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 68

• Гази Баба – 74

• Аеродром – 93

• Карпош – 71

• Центар – 89

• Кисела Вода – 64

• Ѓорче Петров – 36

• Бутел – 33

• Шуто Оризари – 16

• Студеничани – 10

• Сарај – 14

• Арачиново – 8

• Илинден – 23

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково – 1

• Странец – 9

• Нераспределен-1

Поврзани вести

ДУИ најави нов конкурс за вработување за 640 албански административци

Илинка Иљоска

Хрватска: 890 новозаболени од ковид-19, починати 8 лица

Слободен печат

ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Заев и директорката на Институтот Јованова-Грујовска на научната конференција за македонскиот јазик

Слободен печат

Хуманитарен концерт: Интернационална екипа ќе свири за помош на колегата Игор Пармаковски

Слободен печат

Весковски: Водоснабдувањето е нормализирано, ваков дефект се појавува еднаш на 10 години

Слободен печат

Кинеските супер богаташи и во пандемија го зголемија богатството

Илинка Иљоска

Остави Коментар