Две победи во еден ден за Ивановски на турнирот во Шпанија

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Македонската двојка Калин Ивановски – Обрад Марковски славеше победа против Рикардо Вилакорта и Серхио Редондо со 2:0 во сетови и се пласираа пласираа во полуфиналето на турнирот во двојки во Мадрид.

Домаќините во првиот сет немаа никакви шанси против македонските тенисери кои првиот сет убедливо го добија со 6:1. Шпанците не успеаа да се вратат во мечот и вториот сет го загубија со 6:4. За место во финалето ќе играат против Холанѓаните Зидан Понтјодикромо и Дакс Дондерс. Мечот се игра утре од 14:30 часот.

Треба да се спомене дека за Ивановски ова беше втора победа во еден ден откако претходно во сингл беше подобар од Хавиер Молино со 2:0 (6:4 и 6:2). Во четвртфиналето ќе се соочи со шестиот носител и на турнирот, Давид Хорда Санчез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот