Две пензионерки се степале во Чаир по недоразбирање за имот

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Две повозрасни жени вчера физички се пресметувале во скопската населба Чаир, а причина за тепачката било недоразбирање околу имот, соопшти полицијата.

„Вчера во 15.20 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.К.(71) и Н.К.С.(67), двете од Скопје, на која претходела вербална расправија околу имотно-правни недоразбирања“, се вели во полицискиот билтен.

Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот