Две нови жртви од коронавирус во Косово

Министерството за здравство на Косово објави денеска дека две лица починале во раните утрински часови на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово како последица на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Жртви на новиот коронавирус се 59-годишен маж од Приштина и 70-годишна жена од село Кориша во Призрен. Обајцата страдале од пропратни болести, потешки форми на дијабетес, и биле примени на Инфективно во тешка здравствена состојба – мажот пред два, а жената пред четири дена.

Со ове два случаи, вкупната бројка на починати од Ковид-19 во Косово се зголеми на три, откако на 22 март почина 82-годишен маж, кој страдал и од хронични респираторни болести. Заразени се, заклучно со вчерашниот ден, 145 лица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот