Две нови имиња во Шкупи
Екипата на Шкупи денеска ги промовираше најновите две засилувања кои треба да го засилат бедемот пред голот во квалификациите за Лигата на Европа, Бојан Ѓоргиевски и Дарко Илиески.
Илиески игра на стоперската позиција, а во Шкупи доаѓа од редовите на Тиквеш. Претходно има настапувано за екипите на Металург и на Победа, а беше дел од ерменскиот тим Ширак.
Ѓоргиевски доаѓа од Работнички и игра на позицијата десен бек. Тој во македонскиот шампионат има настапувано за екипите на Вардар, Металург и Хоризонт Турново, а има и богата интернационално искуство со настапите во БАТЕ Борисов, Сконто Рига, Нефтохимик и Теута.
Претходно, и Мевљан Адили се врати во Шкупи откако му заврши договорот со тимот на Жалгирис од Литванија.