Две малолетнички биле силувани во Штип и Кочани

Две малолетнички во Штип и Кочани биле силувани, а случаите ги пријавиле нивни роднини. Според крими билтенот на СВР-Штип вчера во 13.20 часот во Полициска станица-Штип, 57 годишна жена од Штип пријавила дека претходниот ден околу 16 часот малолетно лице извршило обљуба врз нејзината малолетна внука. Вториот случај е во Кочани пријавен е вчера во 14.30 часот.

-Четирисет и две годишен маж пријавил дека околу 00.30 часот, Х.Н. извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот