Две лице нападнале и ограбиле турски државјанин на бензинска на автопатот Табановце -Куманово

Фото: МИА

Две лица нападнале и ограбиле турски државјанин, вчера на бензинска станица на автопатот Табановце -Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

Разбојништвото во кумановската полиција го пријавил 22 годишниот турски државјанин М.Ш.К, синоќа во 20 часот.

– Две непознати лица, вчера во 17:00 часот, на автопатот Табановце -Куманово во близина на бензинската станица физички го нападнале и му одзеле ранец во кој имало пари и лични документи по што побегнале – се наведува во соопштението од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот